Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски за Ал Џезеира: Отворен Балкан го поврзува регионот, го забрзува економскиот развој и евроинтеграцијата

„Отворен Балкан на ниту еден начин не е замена за европските интеграции туку е иницијатива за поврзување на регионот, за поедноставно и полесно комуницирање меѓу граѓаните, полесно одвивање на трговијата и поголема комуникација како меѓу институциите така и меѓу компаниите со цел да се унапреди животот во државите во овој регион“, потенцираше премиерот Ковачевски во интервју за регионалната ТВ мрежа Ал Џезеира.

„Процесот што го спроведуваме со Отворен Балкан претставува подготовка на регионот за што побрза интеграција на ЕУ и ја има поддршката и од Брисел и од Вашингтон“, дополнува во интервјуто Ковачевски.

Ковачевски во интервјуто истакна дека иницијативата е отворена за сите држави кои сакаат да се приклучат и дека на самитот Отворен Балкан во Охрид е забележан нагласениот интерес на Црна Гора и Босна и Херцеговина за иницијативата, што беше потврдено и со големиот број компании кои дојдоа во Охрид и кои ги препознаваат придобивките од слободното движење на луѓе, стоки, капитал и услуги во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +