Centar.mk
ТЕМАМОЗАИК

Големо откритие во водата под Антарктикот: Ниту научниците не очекуваа да го пронајдат

Научниците од Нов Зеланд открија живот во слатката вода длабоко под Антарктикот. Екосистемот е пронајден на стотици километри од устата на океанот и на околу 500 метри под површината на континентот.

Научниците веќе некое време знаат дека има мрежа од слатководни реки и езера под Антарктикот, но не очекувале дека ќе најдат живи суштества.

Станува збор за амфиподи, ситни животни кои достигнуваат големина од околу 5 милиметри и се во иста класа со раковите и јастозите.

Истражувачите мислеле дека добро ја познаваат областа и знаат што да очекуваат, но биле изненадени и воодушевени од откритието бидејќи покажува дека овие скриени води се екосистем.

Истражувањето на Антарктикот имаше за цел да ја утврди улогата на подземниот свет во топењето на глечерите предизвикани од климатските промени.

Во реката се инсталирани мерни инструменти, а научниците се надеваат дека наскоро ќе откријат што ги прави овие води уникатни

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 15 јануари 2026

ДЕСК

Емоции, пари и тајни одлуки: Што навистина носи 14 јануари за хороскопските знаци

ДЕСК

Февруари носи пресврт за Вагите по две години искушенија и несреќи: Судбината конечно им враќа со добро

ДЕСК