Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дводневен самит на „Отворен Балкан“ во Охрид

Денеска и утре во Охрид ќе се одржи дводневен самит на иницијативата „Отворен Балкан“, во чиј фокус ќе бидат културата и туризмот.

На самитот ќе учествуваат премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и на Албанија, Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, како и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

За денеска предвидена е работна вечера на Ковачевски, Рама, Вучиќ, Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.

За утре, пак, предвидени се официјални обраќања на самитот, а видеообраќања треба да имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На крајот од самитот предвидено е да бидат потпишани договори за соработка на Западен Балкан за меѓусебно признавање дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областа на туризмот, културата и даночната администрација

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК