6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМААВТО ЦЕНТАР

Тимот на Тесла измисли батерии кои ќе може да траат сто години: Единствен недостаток им е „цената“

Истражувачкиот тим на Тесла и канадскиот универзитет Далхауз е на долгорочна мисија: да пронајде подолготрајни и поевтини батерии кои побрзо се полнат за електрични возила и складирање енергија. Нивниот најнов пробив во оваа област се батериите кои би можеле да траат и до 100 години.

Група научници од 2016 година развиле неколку патенти и напишале неколку статии за компанијата Тесла која произведува електрични возила, пренесува порталот Klima101.

Последното дело од серијата се фокусира на „стогодишната“ батерија – варијација на батеријата литиум-никел-манган-кобалт. Тестирањето покажа дека постои можност таквите ќелии да траат околу еден век доколку работат на напон од 3,8 волти (наместо вообичаените 4,2 волти) притоа одржувајќи температура од 25 степени.

Кога станува збор за полнењето, новата батерија, според авторите, е конкурентна со ќелиите литиум-железо-фосфат (LFP), кои се повеќе се користат во електричните автомобили на Тесла.

LFP батериите траат околу 10 години. Покрај потенцијално речиси 10 пати подолг животен век од нив, „стогодишната“ батерија може да складира и поголеми количини на енергија.

Па кога ќе бидат во фабриките на Тесла за производство на електрични возила? Веројатно никогаш. Големиот проблем со овие батерии е што тие се поскапи во споредба со LFP батериите и можеби никогаш нема да ги достигнат карактеристиките неопходни за употреба во автомобилската индустрија, пишува порталот.

Истражувачите сугерираат дека нивната варијација на батеријата литиум-никел-манган-кобалт може да се користи за долгорочно складирање на енергија, но потенцијалот за комерцијализација сè уште се истражува. Дополнителен предизвик е што новата батерија содржи кобалт, чие ископување е исклучително штетно за животната средина. Сепак, Tesla најавува можни модификации на дизајнот кои ќе го елиминираат кобалтот.

Во подготовката на написот, објавен во Journal of the Electrochemical Society, учествуваше и Џеф Ден, светски познат експерт во областа на технологијата на батерии. Едно од неговите претходни достигнувања е учеството во создавањето на батерија која може да напојува електрично возило на оддалеченост од над 1,6 милиони километри.

Бидејќи нашата планета продолжува да се загрева бидејќи човештвото не ги намалува емисиите на стакленички гасови, научниците ширум светот се обидуваат да придонесат во борбата против климатските промени. Еден од важните пронајдоци се електричните возила.

Спонзорирано: