17.8 C
Скопје
14. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде вазните од 180.000 евра од Белиот дворец и парите да ги врати на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за криминал, корупција и расипништво, партија што стана најбогатата во Европа, на грбот на граѓаните, велат од СДСМ.

„Со пари од граѓаните од скромна жолта куќа израсна во Бела палата, во која има кинески лустери од над 20.000 евра, подни плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, вазна од 180 000 евра. ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде вазните од 180.000 евра, да ги продаде и другите скапоцености па и Белата палата и парите да им ги врати на граѓаните“, потенцираат од партијата на власт.

Но во време на криза на виделина, како што посочуваат од таму, излегува вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо за граѓаните, додаваат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ мислат на себе и своите интереси.

„Во време кога цела Европа е зафатена од криза, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не одвоија ни денар за помош на граѓаните но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања, за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони. Грижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните е едно големо ништо“, е потенцирано во писмената реакција од страна на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

ОВОЈ ЗНАК ЌЕ СЕ ЗБОГАТИ ВО ОКТОМВРИ: Го чека голем прилив на ПАРИ

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

M T

Ковачевски: Реформски ја унапредуваме јавната администрација, за подобри услуги за граѓаните и компаниите

M T