20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Повеќе штета отколку добро: Три работи во домаќинството кои никогаш не треба да се чистат со оцет

Оцетот е магично средство за отстранување на нечистотиите во домаќинството. Најчесто се користи за тврдоглави дамки, за чистење на тоалети и за освежување на боите на мебелот.

но многу домаќинки сакаат да користат оцет за чистење на речиси секоја површина, не сфаќајќи дека тоа може да направи повеќе штета отколку корист.

Огледало
Обично белиот алкохолен оцет може да биде од голема помош при миењето на прозорците, но никогаш не треба да се користи за полирање на огледала. Имено, оцетот може да навлезе во тенок слој и да ја оштети сребрената основа која му дава сјај на огледалото.

Пегла

Површината на пеглата, особено оние на пареа, со текот на времето се валка. На неа може да се залепат влакна од облеката, а ако температурата при пеглањето е превисока, облеката што не е од природни материјали може да се залепи и да поцрни. За да ја спасат пеглата, многу домаќинки прибегнуваат кон алкохолен оцет, во кој натопуваат крпа и потоа енергично ја тријат нечистата површина на пеглата.

Експертите предупредуваат дека ова не е добро решение. Бидејќи, иако брзо испарува, оцетот може да ја оштети заштитната обвивка, па пеглата повеќе нема да може да се користи.

Машина за перење
Конечно, иако оцетот може да помогне во чистењето на машината за перење, треба да се користи само два или три пати годишно, со сода бикарбона преку процесот на миење на празната машина на највисока температура. И оцетот и сода бикарбоната треба да се истурат во дозерот, во посебни прегради, никогаш во самиот барабан. На овој начин ќе се дезинфицира барабанот на машината за перење, а облеката што ќе ја перете подоцна ќе има поубав мирис.

Честото триење на гумените и пластичните делови на машината за перење со крпа претходно натопена во оцет може да предизвика оштетување што влијае на животниот век на машината за перење.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ефикасна и евтина состојка од кујната која ќе ви ја ОЖИВЕЕ вашата коса

M T