6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики можат да напишат и оние кои не се гости на објектот.

Истражувањето на Универзитетот Јорк покажа дека 81 отсто од испитаниците мислеле дека гледањето рецензии е добар начин да се избегне лошо искуство при резервација на хотел. Но, се проценува дека речиси една третина од критиките се лажни и дека тоа е начин на натпревар да се „оцрни“ одреден објект, поради што ги предупредуваат луѓето да бираат внимателно.

Истражувањата покажаа дека слепо веруваме во критиката кога е во согласност со она во што веруваме. Помалку сме склони да ја доведуваме во прашање точноста на прегледите што одговараат на нашите очекувања, како што е лоша рецензија за евтин хотел или добра рецензија за луксузен.

Само кога критиката не е во согласност со нашите очекувања, на пример добра критика за евтин хотел, стануваме екстра претпазливи и скептични околу тоа дали информацијата е веродостојна.

Според научниците, мозокот е биолошки предодреден да се чувствува удобно кога ќе се потврдат нашите очекувања. И така донесуваме одлуки без многу вклученост.

Утврдено е и дека прегледите со атрактивен наслов имаат поголемо влијание врз одлучувањето. Добро артикулираните критики со јасен наслов луѓето ги оценуваат како посигурни, можеби затоа што не бараат преголем ангажман од нивна страна.

Поради сето ова, експертите препорачуваат дополнителна претпазливост кога вашата проценка ја засновате исклучиво на критиките од други туристи кои не мора да бидат гости на објектот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза

M T

СДСМ: После одморот Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пак со неработа

M T

ЛОШ СПОЈ ЗА ПАТУВАЊЕ – Овие хороскопски знаци НИКОГАШ не треба да одат заедно на одмор

M T

Песков: „Русија има план доколку НАТО се прошири“

M T

Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

M T

Еве што се треба да исклучите кога одите на одмор

M T