15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Македонија меѓу земјите со најевтини горива во регионот и Европа

Цените на еуросупер 95 и на еуродизелот во Црна Гора се пониски од просекот во регионот, покажуваат податоците на Билтенот на Министерството за капитални инвестиции на оваа земја.

Според податоците од новиот Билтен за цените на нафтените деривати, литар еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,64 евра.

Во Албанија може да се купи за 1,94 евра, Хрватска 1,87 евра, Босна и Херцеговина (БиХ) 1,65 евра, Србија 1,57 евра и Северна Македонија 1,54 евра.

Најевтиниот еуросупер 95 во Европа го плаќаат граѓаните на Унгарија, 1,24 евра, а најскапите жители на Данска за 2,41 евро! Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,57 евра.

Во Албанија може да се купи за 1,95 евра, БиХ 1,84 евра, Хрватска 1,81 евро, Србија 1,76 евра и Северна Македонија 1,4 евра.

Најскап еуродизел во Европа граѓаните на Шведска плаќаат 2,27 евра, а најевтините жители на Малта 1,21 евро.

На неделно ниво Министерството ги објавува основните податоци поврзани со малопродажбата на нафтени деривати, односно споредбените цени на горивата во регионот и Европа, пишува РТЦГ.

Можеби ќе ве интересира

Трипуновски по средба со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија: Поддршката на кампањата „Македонско најдобро“ е резултат на работа, визија и поттик да се купуваат македонски земјоделски производи и да се придвижи домашната економија

ДЕСК

Царинска управа: Откриена царинска измама со увози на месо во висина од 7 милиони денари

ДЕСК

AI телефонот на Телеком носи AI за сите

ДЕСК