Centar.mk
МОЗАИКТЕМА

Дали пиете кафе за да се разбудите? Има еден многу подобар пијалок

Сите можеме да се согласиме дека кафето има свои (здравствени) придобивки, а има и добар вкус, но постои пијалок со кој е уште подобро да се започне денот – топла вода со лимон.

Водата со лимон не само што брзо ја гаси утринската жед туку е богата со витамини и хранливи материи, а во продолжение ќе дознаете кои се другите придобивки од водата со лимон.

Подигнување на енергија
Лимоните се природен извор на калиум, калциум и магнезиум, а содржат и бројни електролити кои го хидрираат вашето тело додека се ослободуваат од токсините.

Посилен имунолошки систем
Кога витаминот Ц од лимонот се меша со вода, тие дејствуваат како адаптоген, природна супстанца која ги нормализира процесите во телото и му помага во борбата против вирусите и другите инфекции.

Губење на тежина
Дали некогаш сте слушнале за пектинските влакна? Ја одложуваат апсорпцијата на гликоза во организмот и го нормализираат бројот на липиди во крвта, а ја намалуваат и желбата за храна. Поради сето ова, тие ви помагаат да изгубите тежина, а добрата вест е што лимоните се преполни со пектински влакна.

Намалување на стресот
Депресијата и анксиозноста можат да бидат резултат на недостаток на калиум во крвта, па дури и мирисот на лимон може да го смири вашиот нервен систем.

Убава кожа
Лимоните се оружје против се што предизвикува акни и воспаленија на вашата кожа. Антиоксидансите од лимонот можат да ги избришат брчките и флеките од кожата, а неговите антиинфламаторни својства можат да ги ублажат акните и црвенилото.

Можеби ќе ве интересира

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 30 МАЈ: Еден знак добива важен сигнал, друг мора да внимава на одлуките

ДЕСК

ПО ГОДИНИ НЕСРЕЌИ, ДОАЃА НИВНОТО ВРЕМЕ: Јуни ќе биде месец на пресврт за два знаци

ДЕСК

Зошто некои луѓе ги касаат комарци повеќе од други?

ДЕСК