7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМА

Еве вакви мажи привлекувате во зависност од тоа кој знак сте

Доколку сè уште не сте сигурни кој тип на маж не може да одолее на специфичните карактеристики на вашиот хороскопски знак, еве можност да дознаете и да се забавувате.

Овен

Не можете да се браните од мажите кои бараат ваша поддршка. Малку се двоумат и очекуваат да го преземете водството, што и онака не ви претставува проблем бидејќи во љубовта сакате да преземате иницијатива. Ве сметаат за супериорни и затоа без проблем ви се предаваат.

Бик

Ве обожаваат мажи од понежна природа. Не се слаби, но постојано бараат некој кој ќе ги опсипува со љубов и внимание. Таму доаѓате вие на сцената. Познати сте како еден од најпосветените и најлојалните знаци кога е љубовта во прашање, не се плашите од обврски и емоции, па не е чудно што вие сте изборот на вакви мажи.

Близнаци

Секогаш наидувате на мажи кои сакаат возбуда и бараат нови животни авантури. Сакаат да ја внесете вашата енергија и страст во нивните животи, а тоа не ви недостига. Вие сте динамична жена со отворен ум, која исто така сака да води возбудлив живот и затоа на овој тип на маж можете да му дадете сè што ќе побара.

Рак

Ве сакаат емотивни, но и донекаде манипулативни мажи кои ќе направат се што е во нивна моќ да ја освојат вашата љубов. Тој ќе ја искористи вашата вродена емпатија и чувствителност во своја полза. Сакаат партнер кој ќе се грижи за нив. Бидејќи по природа сте грижлив тип на жена, тоа не ви е тешко.

Лав

Лавиците имаат ѕвездена личност и најмногу ги привлекуваат мажи кои не се плашат да бидат во нивна сенка. Секако, лудо ги привлекува вашата доминантна личност и независност. Одлична комбинација, имајќи предвид дека ви се допаѓаат мажи кои се самоуверени и не се плашат од вашата индивидуалност.

Девица

Ве обожаваат мажи кои претпочитаат ред и мир наместо возбуда и хаос. Тие често ги мачат некои големи животни проблеми и бараат емотивно засолниште што можете да им го обезбедите. Отпрвин забележуваат дека сте претпазливи, рационални и посветени, па веднаш во вас го гледаат своето безбедно засолниште.

Вага

Ве опсипуваат со внимание мажи кои бараат жена – се. Љубов, пријателство, поддршка, страст… Ним им треба некој дружељубив, срдечен, праведен и весел како тебе.

Скорпија

Најпрво ќе ве пронајде маж на кој му недостасуваат страсти во животот, но не само „физички“. Како да знаат дека ниту еден друг хороскопски знак не може да им даде толкава животна возбуда. Во сè што правите ја внесувате вашата доза на страст, а во исто време сте бестрашни, самоуверени и подготвени да направите се за вашиот маж.

Стрелец

Никој не сака авантури како Стрелецот и тоа се одразува во нивната енергична изведба. Можеби затоа привлекувате мажи на кои им е малку досадно во животот и кои бараат некој да ги „разбуди“. Тие чувствуваат дека нивниот живот ќе стане голема авантура со вас, бидејќи едноставно не можете да ја поднесете монотонијата и да ги избегнувате мирните домашни вечери пред телевизор.

Јарец

Вие сте организирана, дисциплинирана, доверлива и одлучна жена. Токму тоа го сакаат мажите кои се уште не создале стабилност во животот и се надеваат дека ќе им помогнете во тоа. Тие се чувствуваат безбедно со вас и подготвени се да ги направат потребните промени кои ќе им овозможат да го живеат животот за кој сонуваат.

Водолија

Најпривлечни сте за необични, глупави и откачени мажи кои знаат дека нема да ги осудувате поради нивната посебна и различна личност. Ја цените индивидуалноста, слободоумни сте, ексцентрични и оригинални и ги сакате луѓето со исти квалитети.

Риба

Креативците ве обожаваат. Можеби тие веќе постигнале, а можеби и собираат храброст да му ги покажат на светот своите таленти, а вие сте тип на личност која може да им помогне да го изнесат својот талент на виделина. Бидејќи по природа сте имагинативни, сигурно би уживале во нивниот креативен процес.

Можеби ќе ве интересира

Мажите родени во овие три хороскопски знаци не сакаат брак

M T

Мажите кои имаат ЛУЗНА се најпривлечни за жените, а една работа е пресудна

M T

Пет причини зошто жените избираат доминантни мажи: ЧЕТВРТАТА може да биде КЛУЧНА

M T

Мистеријата конечно е решена: Еве зошто на жените често им е поладно отколку на мажите

M T

ЖЕНИТЕ ГО ОТКРИВААТ МАГИЧНИОТ БРОЈ: Ова е нивната идеална големина на МАШКОСТ, а СЕ ПОД ОВИЕ БРОЈКИ Е ПОНИЖУВАЧКИ

M T

Еве кои се најдобри, а кои најлоши сопруги според хороскопот

M T