Centar.mk
ЗДРАВЈЕМОЗАИКТЕМА

ТРИ СОВЕТИ – Овие навики ќе ви помогнат да се справите со стресот

Не е ни чудо што одвреме-навреме едноставно сакаме бегство од реалноста и сите обврски кои не дават. Но, се може да биде многу поедноставно доколку на обврските им пристапите без стрес.

Ви претставуваме три начини на кои можете да го ублажите и најстресниот ден.

Следете ја вашата интуиција
Како и секоја добро организирана личност, така и вие имате план за се. Но понекогаш имате чудно чувство во стомакот кое ви кажува некои обврски да не ги извршувате по тој редослед, туку да ги одложите за подоцна. Тоа е ваша интуиција и ретко тргнува наопаку. Понекогаш е едноставно подобро да дозволиме нашиот внатрешен глас да не води, бидејќи така ќе се спасиме од дополнителен стрес.

Спијте секогаш кога можете
Една од главните причини за стрес е тоа што најчесто сме ненаспани и сите обврски ги извршуваме премногу уморни и со „пола мозок“. Искористете ја секоја можност за спиење за да ја подобрите вашата продуктивност и да го зајакнете имунитетот.

Понекогаш едноставно забавете
Кога се чувствувате како да не можете повеќе, немојте. Забавете малку, одвојте малку време за себе и прошетајте или само внесете воздух. Заборавете на телефонот и другите луѓе, се што ви создава стрес и дозволете си неколкуминутно опуштање во природа. Најдете дополнителна мотивација во себе и дури потоа вратете се на обврските.

Можеби ќе ве интересира

ХОРОСКОП ЗА 8 НОЕМВРИ: ПАРИ ЗА ЕДЕН ЗНАК, ЉУБОВНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ДРУГ – Неделата носи одлуки што долго се одложувале

ДЕСК

Островот на змиите во Бразил: 3.000 отровни змии живеат на само 43 хектари, пристапот е строго забранет

ДЕСК

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ОД СЗО – Секој четврти адолесцент немал ниту еден физички активен ден

ДЕСК