7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Поскапуваат горивата – еве за колку

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 23.05.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и изнесува 54,640 ден/кг.

Од 31.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807%, кај дизелот за 3,943%, кај екстра лесното масло за 3,308% и кај мазутот зголемувањето е за 1,135%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,602%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено барање до пратениците за итно зголемување на минималната плата на 500 евра!

ДЕСК

ДРЖАВАТА ЌЕ ДЕЛИ КЛИМА УРЕДИ: Право на пријавување на јавниот оглас ќе има оваа категорија на граѓани

ДЕСК

Не запира растот на инфлацијата и трошоците на живот: За една година производите на мало се покачени за 5.3 проценти, а инфлацијата во споредба на јули со јуни е цели 1,1%

ДЕСК