3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

„Мрзлива“ вежба која ќе ви го НАМАЛИ стомакот за две недели

Постигнувањето на најпосакуваниот стомак не мора да биде толку тешко. Ја најдовме најлесната вежба која ќе ви го намали стомакот за само две недели.

За рамен стомак не треба да се мачите и да работите бесконечен број „омразени“ стомачни. Имено, ја најдовме најлесната вежба за постигнување рамен стомак, а најдобро од се, фитнес експертите тврдат дека е поефикасна од толку тешките стомачни.

Тајната на оваа вежба наречена цицање на стомак не може да биде поедноставна – само треба да дишете правилно.

Во оваа вежба, дишењето ги активира и зајакнува најдлабоките стомачни мускули, така што едноставно правите контракции, објаснува Рич Стурла, личен тренер во британскиот центар за здрави резултати за живот, здравје и перформанси.

Оваа техника на длабоко дишење и „цицање“ воздух од стомакот е дел од пилатес и јога, но можете да ја правите и одвоено од овие типови на вежби.

Веднаш штом ќе се разбудите (идеално на празен стомак и додека сте во кревет) легнете на грб со свиткани колена и стапала потпрени на душек.

Вдишете, а потоа издишете длабоко и повлечете го стомакот толку силно како да сакате папокот да се „залепи“ за ‘рбетот. Колку повеќе го влечете стомакот, толку ќе биде посилна контракцијата и ефективноста на тоа движење.

За почеток, држете го повлечениот стомак 15 секунди и како што напредувате, продолжете го времетраењето на стискањето до 60 секунди, земајќи плитки вдишувања по потреба. Повторете 3 до 5 пати.

Кога ќе бидете подготвени за потешка верзија на „цицање“ на стомакот, направете ја вежбата со клекнување на колена и дланки, седнувајќи директно на стол или на топка за пилатес.

По одреден период вежбање, ќе можете да го затегнете стомакот додека седите или стоите во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира

ХРАНАТА КАКО СОЈУЗНИК – Овие намирници ќе ви помогнат да се изборите со салото на стомакот

M T

НАТО започна вежба во Балтичкото Море, учествуваат Шведска и Финска

M T

Два авиони се судрија за време на вежби во Франција

M T

Променете ги ако сакате помал стомак: Навики во исхраната кои потајно ГИ ЗГОЛЕМУВААТ МАСНОТИИТЕ

M T

За мирен стомак: Која храна ја спречува надуеноста

M T

Голема воена вежба на НАТО – учествуваат над 1000 војници, 100 возила, бродови и авиони

M T