3. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЉУБОВ И СЕКС

Овие 5 работи треба да ги знаете за вашиот ПАРТНЕР пред да стапите во брак

Пред да одлучите да стапнете на „лудиот камен“, добро размислете за овие работи.

Љубовта е прекрасно чувство – нема ништо поубаво кога сакаш и кога си сакан. Љубовта може да не заслепи, па понекогаш не сакаме да видиме некои работи кај саканата личност кои не ни одговараат на долг рок.

Склучувањето брак е голема пресвртница и одговорност и затоа не треба да избрзуваме со оваа одлука. Колку и да сакате некого, за хармоничен и долготраен брак е потребно многу повеќе. Многу е важно да го делите истото мислење за клучните работи што ги носи заедничкиот живот.

1. Неговото мислење за децата
Можеби сакате деца, но прашање е дали вашиот партнер го има истото мислење. Може да се случи и спротивното – вашиот партнер очајно да сака деца, додека вие мислите дека улогата на родител не ви одговара. Ова е важна тема за која треба да разговарате со личноста со која планирате да се омажите.

2. Финансиска состојба
Расправиите за пари, за жал, се многу чести во бракот. За да основате семејство со некого на здрава основа, треба да проверите колку таа личност е одговорна за парите. Можеби вашиот партнер е склон да троши пари или не е подготвен да се ангажира повеќе за да обезбеди добар живот за семејството. Ако не сте такви, тоа може да биде голем камен на сопнување.

3. Како се однесува кон другите
Можете да заклучите многу за луѓето од тоа како се однесуваат кон келнерите, блиските пријатели, семејството, странците и слично. Многу е важно какви односи одржува со бившите девојки и како зборува за нив. Во никој случај не треба да гледате само на начинот на кој ве третираат и да ги игнорирате другите сигнали.

4. Интимност
Интимноста не значи само секс, иако сложувањето во сексот е исклучително важно за врската и бракот. Дали на вашиот партнер му е потребна блискост и интимност исто како и вас? Одговорот на ова прашање ќе ви даде важни упатства. Ако вашиот партнер е ладен и ретко ве гушка, бакнува, гали, а вие навистина го сакате тоа, тогаш треба да размислите како ќе се снаоѓате во бракот.

5. Како се справува со тешкотиите
Животот носи убави и помалку убави моменти. Кога доаѓаат тешки времиња, сите ние се справуваме со нив на различни начини. Ако вашата сакана личност не знае како да се справи со тешкотиите на адекватен и зрел начин, размислете како ќе се однесува во иднина, што може да донесе уште потешки моменти од оние што ги знаете сега.

Можеби ќе ве интересира

Мажите родени во овие три хороскопски знаци не сакаат брак

M T

Засекогаш несреќни во љубовта: Овие 3 хороскопски знаци остануваат без партнер, а не е виновен ретроградниот Меркур

M T

Некои работи е подобро да не се кажат: Партнерот не треба да знае што сте правеле со бившиот

M T

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

M T

Ова е најголемиот НЕПРИЈАТЕЛ на бракот и врските

M T

После тоа, сè е полесно: Психолозите велат дека оваа година во БРАКОТ е пресвртница за многу парови

M T