33.8 C
Скопје
4. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија

Забрчанец: „Отворен Балкан“ ги укинува работните дозволи и ги признава дипломите – посилна економија и подобар живот во регионот

„Сега сме во фаза на подготвка на софтвер, истото го прават и Србите и Албнците. Секој граѓанин што има потреба да работи во дрга држава, ќе биде исто слободно, ќе паднат работните дозволи и ќе си ги признаваме дипломите без нострификација. Ако некоја албанска фирма има преставништво во Скопје нема потреба да вади работни дозволи за своите вработени што доаѓаат од Албанија. Имаше некои информации дали на овој начин младите ќе заминат во другите земји, секако дека не, проценките се дека ова ќе е взаемен процес од кој полза ќе имаат трите држави.“ – изјави Марјан Забрчанец, национален координатор за „Отворен Балкан“, во вестите на Сител.

„Отворен Балкан“ е регионална иницијатива за соработка за да си го направиме подобар животот, пред се преку слободен проток на луѓе, стоки и услуги. Станува збор за подобри односи помеѓу самите држави. Да илустрирам со пример, камионите кои транспортираат одредена стока не чекаат долго по граници и на контролни пункови, туку поминуваат многу поедноставно и побрзо. Ние и веруваме на контролата на Албанија и на Србија, а тие и веруваат на нашата контрола. Ако камион со лубеници од Албанија треба да патува кон Србија ќе биде проверен еднаш или ниеднаш. Ако на тој камион му требале 30 часа да ги мине сите процедури и контроли и гранични точки, сега тоа се прави далеку побрзо и поефикасно, за само неколку часа.“ – дополни Забрчанец