22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАБИЗНИС

Русија се подготвува да заплени странски компании: Можете да одите, но без имот

Русија подготвува нов закон со кој ќе може да ја преземе контролата врз локалните компании на западните компании кои одлучуваат да ја напуштат земјата.

Москва на тој начин ги зголемува влоговите за мултинационалните компании кои се обидуваат да заминат.

Законот, кој би можел да стапи на сила за неколку недели, ќе и даде на Русија широки овластувања да интервенира таму каде што има закана за локалните работни места или индустријата, што ќе им отежне на западните компании да го напуштат рускиот пазар, освен ако не се подготвени да преземат голема финансиска удар.

Подготовката на актот за конфискација на имотот на странските инвеститори, како што се додава, уследи по егзодусот на западните компании, како Старбакс, Мекдоналдс, АБ ИнБев и многу други, а во ситуација кога руската економија, под западни санкции, се соочува со рецесија и двоцифрена инфлација.

Италијанската банка Уникредит, австриската Рајфајзен банка, водечкиот светски бренд за мебел, ИКЕА, синџирот за брза храна Бургер Кинг и стотици помали компании продолжуваат да работат во Русија.

Предлог-законот им отвора пат на властите во Москва да назначат менаџери во компании во сопственост на странци од „непријателските“ земји, кои размислуваат да ја напуштат Русија бидејќи конфликтот со Украина ја турка руската економија во рикверц.