22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Дали сте лути и нервозни кога сте ГЛАДНИ? – Еве зошто е тоа така

Веројатно барем неколку пати сте почувствувале лутина или нервоза поради гладот, феномен во кој луѓето стануваат мрзливи кога ќе гладуваат.

Ве боли стомакот, ви се врти и телото е целосно исцрпено. Ова не само што е непријатно чувство, туку може да доведе и до прејадување со храна со помала хранлива вредност.

Кога стомакот е празен, тој ослободува грелин, хормонот на гладот. Грелинот се произведува во цревата како одговор на стандардниот распоред на оброци и самиот поглед или мирис на храната, а делува така што му сигнализира на мозокот дека на телото му треба повеќе енергија или храна.

Улогата на грелинот во контролирањето на центарот за наградување на мозокот е доста моќна и може да биде еден од факторите кои придонесуваат за исцрпеност додека сте гладни. Според студијата објавена во списанието Neuropharmacology, кога истражувачите стимулирале глувци со системски грелин, но всушност не им дале храна, нивото на допамин во нивниот мозок паднало.

Бидејќи допаминот е невротрансмитер кој помага за подобрување на менталната функција и концентрацијата, дури и мала промена во неговото ниво може да влијае на способноста за концентрирање. Понатаму, овој невротрансмитер е задолжен и за држење на емоциите под контрола, па полесно ќе се налутите поради глад.

Друга причина зошто сте лути кога сте гладни е исто така поврзана со хормонот на гладот. Штом грелинот се произведува во цревата и патува до мозокот, мозокот потоа наредува ослободување на друг хормон наречен невропептид Y, кој го стимулира апетитот.

Според една студија објавена во списанието Biological Psychiatry, луѓето со високо ниво на невропептид Y во цереброспиналната течност биле поагресивни и импулсивни.

На мозокот му недостасува храна
25 проценти од енергијата што ја внесувате со храната се користи само за вашиот мозок. Така, кога ќе ви падне шеќерот во крвта, може да почувствувате недостаток на ментална острина.

Ако нивото на шеќер во крвта опадне, мозокот тоа ќе го сфати како ситуација опасна по живот. Потоа ќе им наложи на органите да почнат да синтетизираат и ослободуваат хормони кои ќе го стимулираат зголемувањето на шеќерот во крвта.

Овој ефект, наречен контрарегулаторен одговор на гликоза, предизвикува вашето тело да го зголеми производството на хормони кои директно може да сигнализираат за конверзија на складираниот гликоген во гликоза, како што е хормонот глукагон, но и неколку видови на хормони на стрес. Овие хормони на стрес се ослободуваат во сите видови на стресни ситуации, не само кога сте гладни.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T