22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски до МПЦ-ОА: Со особена грижа и верност ги чуваме заветите на Светите Кирил и Методиј

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, испрати телеграма со честитки до Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Честитката на премиерот Ковачевски до Архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима Г.Г. Стефан, како и до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, до свештенството и монаштвото, како и на сите православни верници во нашата земја, ви ја пренесуваме во целост:

„Ваше Блаженство, Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан,

Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, Вам, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја Ви го честитам големиот празник Денот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј.

Македонскиот народ со особена грижа и верност ги чува заветите оставени како аманет од сесловенските просветители, чие дело е подеднакво вредно и корисно за целокупното човештво. Да продолжиме по нивните стапки и со мудрост да носиме подобри времиња за сите!

Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Животниот стандард паѓа, платите во Македонија се 35% од европскиот просек а цените над 60%

ДЕСК

Костова: Без Левица, Трајко Славески, непријателот на идејата за покачување минимална плата, немаше да биде Претседател на Совет на Град Скопје

ДЕСК

Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци

ДЕСК