Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

87 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.05.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 87 возачи, од кои 27 на територија на СВР Тетово, 14 на територија на СВР Скопје …

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК