Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар на мигранти

На 22.05.2022 во 13.30 часот на автопат А1 во правец Смоквица-Демир Капија од полициски службеници од Полициска станица Богородица е лишен од слобода И.Б.(26) од Скопје, кој во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки превезувал шест лица- мигранти од Сирија и Авганистан. И.Б. при обид да биде сопрен од полициски службеници, не застанал, и на место викано „Црвени брегови“ со возилото удрил во патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.К. од Гостивар. Известен е јавен обвинител.

И.Б. е задржан во Полициска станица Неготино и по насока на јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 418-б,ст.2 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК