Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

180 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 12 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се 11 мерки за користење на мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК