Centar.mk
ТЕМАМОЗАИК

Ако се расипува, веројатно ОВА го правите погрешно: Сирењето е омилена храна на многумина, а знаеме ли како правилно да го чуваме?

Љубителите на сирење знаат дека не е лесно да се одржува свежо. Главно нема да го јадете веднаш, па ќе останат неколку парчиња сирење, а потоа се прашуваме каде да го ставиме?

Пластична кеса за складирање може да помогне, но сепак не е најдоброто решение за одржување на свежото сирење. Најдобриот начин за складирање зависи од видот на сирењето.

Најдобро е тврдите сирења прво да се завиткаат во хартија за печење, а потоа да се стават во пластична кеса. Полутврдите сирења може да се чуваат во пластична кеса, додека мекото сирење треба да се чува во пластичен сад со капак.

Она што ги поврзува сите видови сирења е тоа што најдобро место за нивно складирање е фрижидерот. Овде температурата е стабилна, па затоа е идеална за оваа храна.

Рокот на траење зависи и од видот на сирењето. Ако сирењето е потврдо, ќе има подолг рок на траење.

Можеби ќе ве интересира

Парите доаѓаат неочекувано, овие 4 хороскопски знаци влегуваат во златен период од април

ДЕСК

Дневен хороскоп за 18-ти март 2026

ДЕСК

Се појави нов тренд кој го менува начинот на кој го започнуваме денот

C +