22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Маричиќ: Отпадот во Битола се преработува со европски пари, преку зелена економија ја чуваме животната средина и создаваме работни места во Северна Македонија

Фејсбук статус на вицепремиерот Бојан Маричиќ:

ЕУ за одржливо управување со органски отпад, бидејќи е важно прашањето за заштита на животната средина и е една од најсложените области во однос на усогласување со регулативите на Европската Унија. 🏞

📌 Проектот Симбиозис отвори нова страница во управувањето со органскиот отпад во општина Битола, за која отпадот денес е ресурс, бидејќи започна со селективно собирање на органскиот отпад кој нема да го „фрла“ туку ќе го преработува, и од него ќе добие компост кој ќе го користи како ѓубриво во своите расадници и на јавните зелени површини, со поддршка од европските ИПА програми.

📌 Следејќи го концептот Индустриска симбиоза, Симбиозис (2018-2020), не е само придобивка во заштитата на животната средина, туку дава и конкретни социјални придобивки за локалните заедници преку подобро искористување на био ресурсите од прехрамбената индустрија во корист на општествените активности и создавањето нови работни места, како и подобрување на соработката помеѓу секторите и бизнисите во прекуграничната област, а со тоа да се подобрат локалните економии и да се поттикне претприемништвото;

☑️ “Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад-Симбиоза“, е поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка “Грција – Поранешна Југословенска Република Македонија 2014-2020”, кофинансиран од националните фондови преку Министерството за Локална самоуправа, во вредност од 898.858,33 € 💶, а водечки партнер е ЈП КОМУНАЛЕЦ Битола.

♻️ Унијата не поддржува да ги постигнеме своите еколошки цели и постепено да ги подига на ниво на стандардите на ЕУ.

📌 Вкупниот буџет на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 изнесува 45.470.066 евра 💶 ЕУ и национално финансирање, а скоро половината, 22.735.032 евра 💶 се искористени во проекти од втората приоритетна оска – Заштита на животната средина-транспорт.

🟢 Нашиот ангажман, кога станува збор за постигнување на целите од Европскиот зелен договор, е клучен за процесот на европска интеграција и ќе придонесе за поефикасно користење на ресурсите.

✅️ Целта ни е транзиција кон чиста, кружна економија и мерките за запирање на климатските промени, истовремено обновување на биолошката разновидност и намалување на загадувањето, ќе ја поддржат економијата и ќе отворат нови работни места.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК