13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дали ова се причините зошто Христијан Мицкоски блокира?

Фејсбук статус на Стефан Богоев од СДСМ:

ЗОШТО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ БЛОКИРА ❓

Деновиве сме сведоци на обид за блокада на Собранието, но и за нови можни блокади во други форми.
По она со кое јас располагам како информација (располага и добар дел од политичарите, дипломатите и новинарите во Македонија), Мицкоски е прилично уплашен за сопствената политичка судбина и тоа по неколку основи:

1. Стравот од можен почеток на преговорите со ЕУ којшто би одел на конто на СДСМ и коалицијата. Блокада на виталните државни институции би било алиби за Бугарија да не го крене ветото и обид за политичка дестабилизација на државата од која Мицкоски сака политички да профитира.
Размислете, на која странска држава и одговара Македонија да остане изолирана ⁉️

2. Стравот од своите. Во ВМРО – ДПМНЕ има градоначалници кои истовремено имаат и високи партиски позиции (Муцунски потпретседател и Ѓорѓиевски претседател на Градски комитет). Концентрацијата на моќ во вакви случаи е поголема од моќта на некој кој е само претседател на партија (Мицкоски). Сетете се само на влијанието и политичката моќ на Заев или своевремено Јакимовски како градоначалници и високи фунцкионери во СДСМ или пак на Коце Трајановски и Ивица Коневски кој дури беше и еден од главните фаворити за лидер на партијата.
Мицкоски се плаши дека како проаѓа времето, ваквите ликови растат и ќе станат опасност за неговата позиција. Тој има проблем да ги контролира своите градоначалници кои градат лични контакти со бизнисмени, невладини, политичари и новинари додека тој е сам во партијата. Затоа оди на настани во кои градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се фалат со проекти на СДСМ, само за да покаже очајно дека тој е главен.

3. Да ја сокрие неспособноста на своите градоначалници.
Кога сте градоначалник тазе избран, првите 6 месеци ви се меден месец и граѓаните најчесто имаат разбирање за работите кои сте ги ветиле, а не сте ги реализирале сеуште. Но после тие 6 месеци, ќе наидете на огромна критика и притисок да го реализирате ветеното, а кога тоа го нема, разочарувањето е огромно. Соочен со крајно неспособни градоначалници, особено градоначалничката на Скопје (која исто така не му е под контрола и го критикува каде стигне), Мицкоски брза со избори додека граѓаните не им се навртеле на неговите градоначалници.

Поради сето ова, тој има нужна потреба константно да бара избори и во партијата да им вели “Вие треба да ме слушате, само што не сум станал Премиер” и помпезно да најавува огромна победа од која е оддалечен светлосни години, бидејќи само на овој начин може да ја задржи позицијата во партијата, но и да се обиде да ги неутрализира енормниот број на критики на конто на градоначалниците.

Во меѓувреме, не води грижа за перспективите на државата и иднината на граѓаните. Не му е грижа дали ќе добиеме поради него повторно вето, ниту пак дека наставниците, војниците и сите граѓани нема да добијат повисоки плати или нов клинички центар.

Што треба да правиме во целата оваа ситуација ние, слободоумните и прогресивни граѓани кои сме огромно мнозинство во државата?
Да бидеме смирени, разумни и да ги користиме мехнизмите кои ги нудат законите и деловникот на Собранието и да не скршнеме од евроинтеграцискиот пат, ниту пак за момент да не прекинеме да работиме во интерес на граѓаните.
Да ги препроверуваме и да не им веруваме на лажните вести кои тој и неговата партија ги пласираат.

Народната вели: Попаметниот секогаш попушта.

Овој пат, попаметните нема да попуштат, туку паметно по којзнае кој пат ќе одиграат во интерес на граѓаните и државата и ќе победиме во 2024та на двојните избори.

Та ако не ние, кој друг ⁉️

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.