Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Судот го осуди заканувачот кој се закануваше дека ќе го убие министерот Спасовски

С.Ф., откако ја признал вината дека имал намера да го убие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска од Судот добил казна затвор од две години односно четири години условно, дознава Centar.mk.

Пензионираниот полициски службеник упатувал закани по живот кон министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради што Обвинителството поведе постапка против него.

„Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка ‘чешка зброевка’ со калибар 7,65 мм, пиштол марка ‘смит енд весон’ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка“,, соопшти обвинителството минатиот месец.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК