7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ги чинат 55.000 евра месечно, да ги вратат парите назад

Соопштение на СДСМ:

Неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ги чини над 55.000 евра месечно.

За основните плати на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно, а дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци, исто така врз грбот на граѓаните.

Наместо да ги заработат овие 55.000 евра месечно тие не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии кои ги водат, се надвикуваат, покажуваат нервоза и прават штета на граѓаните кои ги плаќаат.

Граѓаните не ја дале довербата на пратениците да блокираат, да ја опструираат работата на Собранието и да не си ја работат работата.

Кога веќе решиле намерно да не работат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, патни трошоци и мобилни телефони.

Над 55.000 евра месечно во време на криза, се сериозни средства со кои може да им се помогне на илјадници семејства.

СДСМ заедно со парламентарното мнозинство ги надминува блокадите и ќе ги донесе законите кои се од интерес на граѓаните.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

ОВОЈ ЗНАК ЌЕ СЕ ЗБОГАТИ ВО ОКТОМВРИ: Го чека голем прилив на ПАРИ

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

M T

Чарлс Трети денеска првпат ќе им се обрати на пратениците како монарх

M T