Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денеска сончево и топло време, влошување се очекува во текот на викендот

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

Од таму додаваат дека кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност претежно во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец кој краткотрајно ќе е поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје претежно сончево и малку потопло со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени.

За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.

Особено нестабилно ќе биде в сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +