Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Коциќ: ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка за силувањето на демократијата

„ВМРО-ДПМНЕ од вчера си подигрува со Собранието и ја силува демократијата. Тие се подигруваат со народната волја со неодговорното однесување за што немаат поддршка од народот“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „Патот кон“ на АлсатМ.

Тој додаде дека блокирањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието не е ново и дека тоа го прават изминативе две години, но дека повторно се покажува оти владејачкото мнозинство е стабилно.

„Ние две години, во услови на пандемија и кризи се бориме со опозиција која максимално се труди да го искористи тоа за да го блокира Собранието. Во овие тешки времиња кога цел свет е погоден од кризи, однесувањето на опозицијата остава лош впечаток“ рече Коциќ.

Пратеникот додаде дека СДСМ како партија е за дијалог и повтори дека премиерот Ковачевски не одбил средба со Мицкоски, туку одби уцена таа средба да биде врзана со распишување на предвремени избори.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК