Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Коциќ: ВМРО-ДПМНЕ работи против добивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ

„ВМРО-ДПМНЕ намерно или не влегува во сценарио за повторно пролонгирање на добивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ. Последните активности во Собранието само го потврдуваат тоа“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во емисијата „Патот кон“ на АлсатМ.

Тој додаде дека прва причина поради која се сомнева во тоа е изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој обелодени дека одредени структури од земјава се јавувале во Бугарија и кажувале да не се крева ветото бидејќи во Северна Македонија ќе имало избори.

„Второ е тоа што се случи во Битола, отворањето на културниот центар ‘Ванчо Михајлов’ што беше провокација за реакција од земјава за да се користи како алиби дека не се почитуваат малцинските права. Токму членови на ВМРО-ДПМНЕ учествуваа во отворањето на овој културен центар“ рече Коциќ.

Пратеникот кажа дека блокадите во Собранието се третата причина и додаде дека само на антиевропските струи во земјава и на луѓето што не се за интеграција во ЕУ им одговара дестабилизација и нестабилна политичка сцена.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?

ДЕСК

Кузманоска: Осигурителниот пазар функционира врз основа на доверба, затоа се важни заштита на осигурениците, довербата во осигурителниот систем и стабилноста на финансискиот сектор

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

ДЕСК