Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Коциќ: Освен барања за избори немам слушнато ништо конструктивно од ВМРО-ДПМНЕ

„Нормално е секоја опозиција да бара избори, бидејќи изгубила на претходните, но освен барање за избори ништу друго не сум чул од ВМРО-ДПМНЕ“ изјави пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во емисијата „Патот кон“ на АлсатМ.

Тој додаде дека народот легитимитетот го дава на парламентарни избори кога ги бира пратениците, кои потоа ја гласаат Владата.

„Смешно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува дека премиерот Ковачевски не учествувал на избори, кога и нивниот лидер не беше кандидат за пратеник на парламентарните избори“ рече Коциќ.

Пратеникот од СДСМ додаде дека народот ги гласа пратениците, кои потоа даваат водечка палка на тој што сметаат дека треба да биде премиер.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК