Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

179 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават возачи на моторцикли, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се 16 мерки за возач почетник, 10 мерки за користење на мобилен телефон, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Мисајловски на одбележувањето на 25 годишнината од Резолуцијата 1325: одбраната е предводник во политиките за родова еднаквост

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје – прво физички го нападнале, а потоа го опљачкале

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 16 годишно девојче

ДЕСК