23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев порачува од Форумот во Сараево: Во кризни времиња штрајковите и блокадите не се решенија. Дијалогот е решение.

„Светот, Европа, а со тоа и регионот, сите ние, веќе не се соочуваме само со намалена продуктивна моќ на компаниите или со намалена продажба поради намалената куповна моќ на граѓаните, туку и со предизвикот да се зачуваат работните места“, рече Поранешниот македонски премиер Зоран Заев говорејќи за економските последици од војната во Украина, на Форум во Сараево.

Денес предизвиците се многу поголеми – недостаток на храна, глобална реорганизација на снабдувањето со енергенси, ценовни шокови, смета Заев и предлага државите да продолжат засилено да ги помагаат граѓаните директно. Особено најранливите и најсиромашните.
„Затоа, апелирам до владите, не штедете на граѓаните, напротив вложувајте во нив – во куповната моќ и во развојот на човечкиот капитал. Минималната плата мора да одржува постојан раст, социјалната помош исто така, пензиите исто така.
Државите, владите, бизнисите, синдикатите и опозициите треба да бидат во постојан дијалог и да создаваат решенија. Во кризни времиња штрајковите и блокадите не се решенија. Дијалогот е решение. Компетитивност со идеи, трагање по стабилност и предвидливост. Тоа се чекорите кои ќе не одведат до решенија, а не радикални потези, блокади, исклучивост и насилство“, порача Заев од форуммот во Сарево.
За таа цел мора да соработуваме, смета Заев.

„Затоа, регионалната соработка ја ставам на првото место.

Време е регионот да си го “спакуваме” и како инвестициски потенцијал. За да ги донесеме големите играчи треба да и ние да играме поголема игра. Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори на енергија, имаме многу сонце, ветер и вода. Тоа подразбира инвестиции во големи стратешки и инфраструктурни проекти, а денес тоа го можат големи и глобални инвеститори. Нашите држави може да се конкурентни за вакви проекти само ако се здружиме и ако настапуваме како регион. На тој начин недостатоците ќе исчезнат, придобивките ќе пораснат“.

Според Заев треба поголема храброст одлучност кога станува збор за регионалното поврзување. Ситуацијата во Украина ја налага таа нужност и ги зголемува потенцијалите од регионалната соработка на Западен Балкан.