Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца крадци, расчистена тешка кражба, одземеното вратено на сопственикот

На 10.05.2022 во 17.30 и во 18.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Петровец ги лишиле од слобода М.М.(24) од с.Идризово, скопско и Ф.С.(22) од Скопје. Тие се сомничат дека ноќта помеѓу 28 и 29.04.2022 одзеле повеќе предмети од фирма во населба Илинден.

Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК