Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии

Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции.

Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец , Дебар Маало и Буњаковец, каде што екипите интервенираат на повеќе локации. На терен се ангажирани мобилни служби, кои работат на брзо отстранување на последиците и обезбедување на проодноста на улиците и јавните површини.

Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека општината реагира координирано и без одлагање.

„Работиме интензивно и сите сме ангажирани за да се справиме со последиците од ова страшно невреме, “ истакна Герасимовски.

Во акцијата се приклучија и граѓани кои самоиницијативно помогнаа во расчистувањето на критичните точки, со што дополнително придонесоа за побрзо нормализирање на состојбата. Општина Центар упатува благодарност за солидарноста и апелира граѓаните да бидат внимателни додека траат интервенциите

Телефоните отворени за граѓаните

075 219068 / 076 350767

фото Општина Центар

Можеби ќе ве интересира

Левица: Во очи на „Скопје европска престолнина на културата“ – ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ

ДЕСК

Битола: Граѓаните со свои предлози го креираат буџетот за 2027 година

ДЕСК

Ученици од Општина Илинден во посета на градоначалникот Александар Георгиевски

ДЕСК