Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

166 санкционирани возачи во Скопје, 52 пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 52 мерки за прекшоци што ги прават пешаците, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК