7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Опозицијата ставаше сопки, но владината дипломатија успеа да се избори за признавање на МПЦ

Иако од опозициската ВМРО-ДПМНЕ негодуваа и сугерираа дека Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј нема да ја признае МПЦ, поради експремиерот Заев и СДСМ, сепак токму Владата на СДСМ беше таа која избори признавање и решавање на децениското прашање на МПЦ-ОА.

Вчера Синодот на Вселенската патријаршија ја тргна шизмата и одлучи да воспостави канонско и евхаристичко општење во македонските владици, свештениците и со народот, што е резултат по неуморната работа и напорите на Владата за изборување на црковна слобода и независност.

Уште во 2018 година, тогашниот премиер Зоран Заев испрати писмо до г.г. Вартоломеј повикувајќи на решавање на долгогодишното црковно прашање на земјата. Две години подоцна, премиерот Заев и министерот Оливер Спасовски остварија и средба со вселенскиот патријарх каде што беше изразена надеж дека во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за изнаоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и верниците.

Барање за црковно ослободување во рамките на границите на земјата и нашите архиреи да сослужуваат со архиреите на сите православни цркви беше упатено и во септември 2020 година, при што се истакна дека православниот народ во Северна Македонија заслужува црковна независност.

Писмо до Вартоломеј испрати и премиерот Димитар Ковачевски веднаш по стапувањето на функција, после кое писмо доаѓа и одговорот и признавањето на МПЦ-ОА. Ковачевски има оставрено средба со Вартоломеј пред четири години, што само покажува дека пристапот кон решавање на ова прашање од страна на Владата е сериозен и стратешки и започнал веднаш по доаѓањето на власт.

Со ваквиот чин и признавањето на македонската црква, Владата на СДСМ покажа дека освен што се грижи за општествените и економските прашања во земјата, секгоаш е тука да ги заштити и унапреди правата и на верниците.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК