20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: 9-ти мај нè обврзува да продолжиме да ги негуваме мирот, единството, стабилноста и слободата

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес во видео обраќање, со порака за за мир, единство, обединетост и солидарност, го честиташе 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа.
– 9-ти мај e симбол на херојството и единството на луѓето кои ги бранеа своите држави и целиот свет од најголемото зло на минатиот век – фашизмот. Овој историски датум нè предупредува дека злото што го направи фашизмот никогаш не смее да се повтори за доброто на идните генерации. Едновремено, овој датум нè обврзува да продолжиме да ги негуваме вистинските принципи за градење мир, единство, стабилност и слобода, рече Маричиќ.

Тој потсети дека денес се слави победата на демократијата, европските вредности, толеранцијата и дијалогот, во исполнувањето на визијата на Роберт Шуман и Жан Моне, како и дека овој ден е можност да се оддаде почит и да се изрази благодарност за она што Европската Унија го направи во интерес на мирот, стабилноста и развојот на континентот.

– Овогодинешниот 9-ти мај Европа и светот го одбележуваат во услови на безбедносна, економска и енергетска криза и затоа, како никогаш до сега ни се потребни основите на европските вредности: солидарноста, единството и соработката, посочи вицепремиерот Маричиќ.

Според него сегашните предизвици недвосмислено покажуваат дека проширувањето, како најуспешна политика на Европската Унија, сепак е единствениот начин за зајакнување и заштита на безбедноста, мирот и напредокот на Европа, како и дека кохерентната политика на отворени врати ќе се врати високо на агендата на Европската Унија и во периодот што следи ќе даде резултати.

– Наша цел и единствена гаранција за просперитетна иднина на сегашните и идните генерации е Европската Унија. Затоа и остануваме трајно посветени нашата земја да стане полноправна, доверлива и одговорна членка на европското семејство, рече Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ денес и утре е во работна посета на Париз, каде ќе оствари состаноци со Клемент Бон, Државниот секретар за европски прашања на Република Франција, со политичкиот советник за Балканот на претседателот Макрон, Изабел Думонт и со претседателот на Комитетот за Меѓународни прашања и одбрана, Кристиан Камбон.​

Во рамки на посетата, Маричиќ ќе биде говорник и на конференцијата „Балкански Дијалози“, каде учествуваат високи државни претставници на државите од Западен Балкан и Европа.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

M T

Маричиќ: Судските реформи се клучни за забрзување на евроинтеграциите

M T

Маричиќ: Во преговарачката рамка нема ниту едно прашање поврзано со историјата и Протоколот

M T

Маричиќ: Важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите, верувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја сфати тежината на овој процес

M T

Оливер Вархељ: Западен Балкан е геостратешки приоритет повеќе од кога било

M T

Маричиќ: Државниот завод за статистика се подготвува за спроведување попис на земјоделство во 2023

M T