Centar.mk
БИЗНИС

Биткоинот падна на најниско ниво од јануари

Биткоинот денеска потона на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзата продолжува негативно да влијае на криптовалутите, чие тргување го следи таканаречениот ризичен имот, како што се акциите на технолошките фирми.

Биткоинот падна на 33.266 долари во утринското тргување во Азија, приближувајќи се на најниското ниво од јануари, кога беше 32.951 долар. Падот под тоа ниво би бил најниската вредност на биткоинот од јули минатата година.

Според најновите достапни податоци од крипто-пазарот, биткоинот моментално малку закрепнал и се тргува за околу 33.500 долари, односно е во пад од 1,4 отсто на дневна основа

Можеби ќе ве интересира

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

ДЕСК

„Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек

C +

Евростат: Луксембург најбогата европска земја, Македонија под просекот

C +