14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Овозможуваме постојан проток на храна и енергенси

„Производството на електрична енергија го имаме низ факти и бројки, тие покажуваат дека имаме максимално производство на струја во изминатата година. Ние сме единствената влада која во првите 100 дена одржала толку многу седници за носење одлуки за справување со енергетската криза, во полн капацитет се РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино и менаџментот на ЕСМ има јасна задача се што е неопходно да се обезбеди за непречено производство. Цената на електричната енергија на светските пазари е малку падната, но ние секако дека мораме да имаме суровини, да имаме полно производство. Немаме 50 години иневстирано во овие системи, ама сега тоа ние го правиме.“- изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на телевизија 21.

„Чебрен и Галиште одамна се зборува, но оваа влаада го внесе тој проект во втора фаза, има десетина понудувачи за тој капацитет. Се подготвува документацијата која е неопходна да се поднесе. Дополнително инвестираме во обновливи извори на енергија, ќе градиме соларна централа во штипско, а има и голем број светски компании кои сакаат да влезат во енергетскиот сектор. Затоа ќе укажам дека е неодговорно да се мисли само на себе во време на ваква глобална криза. Јас сум во постојана комуникација со Србија, со Бугарија, за да овозможиме непречен проток на храна и непречена трговија.“- дополни Ковачевски.

Спонзорирано: