Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Дел од синдикатите, политички мотивирани, не сакаа да се постигне договор за минимална плата

„Во услови на увезена инфлација и светски кризи ние ја зголемивме минималната плата на задоволство на синдикатите. Сепак, дел од нив не сакаа да се постигне договор, веројатно политички мотивирани и сега ги гледаме со протести“ рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека Владата води транспарентни разговори со сите синдикати и дека тој секогаш е на страната на работниците.

„Во јавниот сектор платите ги плаќаат даночните обврзници. Тие за возврат на тоа очекуваат подобра услуга. Токму затоа треба промените да се водат низ социјален дијалог и без политички влијанија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека за време на штрајкот на СОНК, Владата покажа дека не се обидува политички да влијае, па немаше заменски наставници ниту притисоци.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПУСТОШЕЊЕ ШУМИ – Штета од 76.519 денари по неовластена сеча

ДЕСК

БИТОЛЧАНКА ПРИЈАВИЛА ДЕКА ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГОТ – Полицијата го расчистува случајот

ДЕСК

ПОДМЕТНАТ ПОЖАР НА ПАРКИРАНО „АУДИ“ ВО КУМАНОВО – Кривична пријава против 47-годишник

ДЕСК