Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за злоупотреба на лични податоци

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против О.И.(32) од Студеничани, скопско, вработен на работно место референт матичар во Управа за водење на матични книги, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” од чл.149 ст.1 вв ст.3 и Д.К.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” од чл.149 ст.1. в.в.чл.45 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, во текот на април 2021 година, без поднесено барање и без согласност издадена од мајката, како законски застапник на малолетно лице, изготвил и со свој потпис и печат на Управата за матични книги, заверил Извод од матична книга на родени и изготвениот извод му го дал на второпријавениот, кој бил неовластено лице да располага со таквиот извод. Второпријавениот, неовластено и спротивно на закон, во два наврата го искористил изводот, односно личните податоци на малолетното лице. Тој го употребил во постапка пред Министерството за правда, Управа за водење на матични книги и во поднесена тужба од негова страна пред суд против оштетената мајка.

Можеби ќе ве интересира

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

C +

Утре наутро претежно ведро и студено, преку денот сончево

C +

Касами: Тетово ја заслужува оваа трансформација – продолжуваме уште посилно со Второто поглавје за развој

C +