20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Како ВМРО-ДПМНЕ и Груевски сечеа ленти за Ванчо Михајлов

Изминативе денови главна тема во јавноста е отворањето на Клубот Ванчо Михајлов во Битола. На чинот на отворањето присуствуваше голема бугарска делегација, предводена од бугарскиот премиер Кирил Петков, пишува Фокус.

Покрај реакциите на многумина, реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, од каде првата реакција беше барање на реципроцитет, односно отворање на клубови за Македонците во Бугарија. Прв кој директно го искоментира ликот и делото на Ванчо Михајлов беше генералниот секретар на партијата, Ѓоргија Сајкоски кој при посета на Ресен, Михајлов го нараче докажан поддржувач на фашизмот и негатор на на македонската нација.

Но, токму ВМРО-ДПМНЕ на чело со претходниот лидер, Никола Груевски го славеше истиот тој Ванчо Михајлов и сечеше црвени ленти на отворање музеи со негови восочни фигури. На крајот на 2014 година, тогашниот премиер Груевски и тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска пресекоа црвена лента на Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско во штипско Ново Село. Во овој музеј има и восочна фигура на Ванчо Михајлов, пишува Фокус.

Тогаш Груевски изјави дека Ново Село е легенда за историјата на Македонија и како ретко кое место во земјава има родено дејци и револуционери кои придонеле за развојот на историјата.

фото Министерство за култура на Р.С. Македонија