Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: До решение со Бугарија само ако ниедна од двете страни не прави чекор назад

До решение со Република Бугарија може само ако ниту една од двете страни не прави чекор назад. Ова во обраќање до граѓаните вечерва го порача премиерот Димитар Ковачевски.

„Република Северна Македонија е суверена држава и имаме должност да го чуваме нашето достоинство. Имаме стратешка цел за влез во ЕУ, но достоинствено со својата национална гордост и посебност. Верувам дека треба да продолжиме и да работиме на зајакнување на дијалогот и унаредување на односите меѓу двата народи до конечно решавање на спорот. Но, за тоа да биде успешно, ниедна од страните не смее да прави чекори назад. Не смееме да дозволиме постојано враќање кон минатото и потези кои значат еднодневна политичка корист, а долгорочна штета на кревките односи кои ги градиме. “ вели премиерот Ковачевски во обраќањето.

„Македонскиот народ е определен за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства како граѓани ја загрозуваат таа определба, додава Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

СКОПЈАНЕЦ ПРИЈАВИЛ НАПАД ВО КИСЕЛА ВОДА – Го нападнале две лица што ги познавал

ДЕСК

ТАТКО ПРИЈАВИЛ НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА – Ги посочил нејзиниот партнер и неговата мајка

ДЕСК

НАПАД И ЗАКАНИ НА АВТОПАТОТ КАЈ ХИПОДРОМ – 21-годишен кавадарчанец го пријавил случајот

ДЕСК