16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Провокации кои ги повредуваат нашите чувства ја загрозуваат ЕУ определбата

Македонскиот народ е определен за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства како граѓани ја загрозуваат таа определба, рече во обраќање до граѓаните премиерот Димитар Ковачевски.

„Македонскиот народ е определен за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства како граѓани ја загрозуваат таа определба. Република Северна Македонија е суверена држава и имаме должност да го чуваме нашето достоинство. Имаме стратешка цел за влез во ЕУ, но достоинствено со својата национална гордост и посебност “ вели Ковачевски.

Премиерот во денешното видео обраќање посочува дека треба да се продолжи да се работи на зајакнување на дијалогот за да се унапредат односите меѓу двата народи.

„Но, за тоа да биде успешно, ниедна од страните не смее да прави чекори назад. Не смееме да дозволиме постојано враќање кон минатото и потези кои значат еднодневна политичка корист, а долгорочна штета на кревките односи кои ги градиме.“ вели премиерот Димитар Ковачевски.

Република Северна Македонија ќе ги продложи реформите во сите области со кои ќе ја подготвиме земјава за полноправно членство во Унијата. Тоа се процеси кои ги водиме за наше добро, за развој на нашата земја и подобри услови за граѓаните, наведува Ковачевски во обраќањето до нацијата.

Спонзорирано: