16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Провокациите за еднодневна политичка корист прават долгорочна штета на преговорите

Провокациите за еднократна политичка корист прават долгорочна штета на преговорите со Бугарија, вели во обраќање до македонските граѓани премиерот Димитар Ковачевски.

„Верувам дека треба да продолжиме и да работиме на зајакнување на дијалогот и унаредување на односите меѓу двата народи до конечно решавање на спорот. Но, за тоа да биде успешно, ниедна од страните не смее да прави чекори назад. Не смееме да дозволиме постојано враќање кон минатото и потези кои значат еднодневна политичка корист, а долгорочна штета на кревките односи кои ги градиме.“ вели Ковачевски.

Во обраќањето Ковачевски додава дека со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме. Оттука, вели тој, целосно го разбирам и чуствувам гневот на граѓаните во изминатите денови.

„Нашата држава ја стекна својата независност по Втората светска војна во која граѓаните учествуваа во антифашистичката народно ослободителна војна. Антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет со кој се гордееме во демократска Европа. Република Северна Македонија ќе ги продложи реформите во сите области со кои ќе ја подготвиме земјава за полноправно членство во Унијата. Тоа се процеси кои ги водиме за наше добро, за развој на нашата земја и подобри услови за граѓаните“ вели Ковачевски во обраќањето до нацијата.

Спонзорирано: