17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СОНК одби покачување од 2500 денари и ги загорзи образовнието и учениците

СОНК ја одби понудата на Владата за зголемување на платите од 10 отсто или просечно по 2500 денари месечно и одлучи да го продолжи штрајкот со што го загрози образовниот процес, но и училишната година.

Владата за време на преговорите со СОНК вети и методологија со која ќе се обезбеди континуиран раст на платите и трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образованието, но повикаа на верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зоглемување на платите на наставниците и вработените во градинките од 21 отсто.

„Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786 денари. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874 денари. На воспитувачите пак во градинките платата им е зголемена за околу 6.400 денари плус минат труд, додека на негователите за околу 5.000 денари“, соопштија од Владата.

Тие повикаа дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза и побараа најдобриот интерес на децата да биде на прво место.

„Во овој контекст, несериозно е да се ставаат во ризик и да им се прави штета во личниот развој на децата кои треба да го продолжат образованието, да се запишат во средните училишта, да полагаат матура и да се запишат на факултетите во земјава и странство“нагласуваат од Владата.

Од Владата исто така кажаа дека согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите.

Спонзорирано: