Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Чепреганов: Со штрајкот на СОНК страдаат децата и ги учат како да не одат во школо

„Државата треба да се труди, ние како народ да научиме. Во моментов со штрајкот ги учиме децата да не одат на школо. На крајот, од се тоа страдаат децата“ изјави професорот Методи Чепреганов во емисијата „Во центар“.

Тој објасни дека во Јапонија кога наставниците протестираат, носат жолти ленти на рацете, за да се знае дека се во штрајк и дека преговараат за нешто, но продолжуваат да работат.

„Нашето образование и така е исуфициентно, а сега со штрајкот тоа дополнително се оптеретува. Ако на тоа се додадат и претходните години со пандемијата имаме проблем од кој страдаат децата“ рече Чепреганов.

Професорот додаде дека дополнителен проблем за децата е што не се насочуваат да читаат книги, туку го губат времето играјќи видео игри.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК