9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Со 300 илјади евра европски пари се одржува средновековниот Свети Пантелејмон во Нерези

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ:

🏛 Со заштитата на македонското културно наследство ги чуваме идентитетот и нашите вредности, како дел од мозаичната слика на глобално ниво, низ призмата на културно идентитетска препознатливост.

🚩 Денес на Светскиот ден за заштита на културно наследство, наша обврска и должност е да се потсетиме на она што е наш генерациски аманет, што задира во нашите корени и го дефинира нашето постоење, а тоа е чувањето и негувањето на културното наследство кое го имаме во нашата земја.

📍 Нашето време го дефинираат глобални предизвици, меѓу кои климатските промени претставуваат сериозна закана за зачувувањето на културното наследство и тоа не само кај нас туку во целиот свет. Според податоците на УНЕСКО, во еден од три природни локалитети и еден од шест локалитети кои се вбројуваат во културно наследство во моментов се загрозени од климатските промени.

📍 Не сме имуни ниту ние како земја од природни непогоди, последици од климатските промени, кои директно се закануваат да оштетат и дел од националното културно наследство. Од таа причина не само Владата, туку сите, како индивидуи имаме обврска да се грижиме за животната средина и за природата и да придонесеме во заштитата и одржувањето на природното и културното наследство со кои е исклучително богата нашата земја.

Ја унапредуваме соработката и градиме партнерства со нашите соседи, заеднички чувајќи ги нашите културни богатства, искористувајќи ја поддршката од ЕУ средства, преку ИПА фондовите.

📜 Културна рута – по стапките на Мајка Тереза е проект реализиран во рамки на Програмата за прекугранична соработка на Косово и Република Северна Македонија, со цел превентивна заштита и тековно одржување на партерот и манастирските ѕидови на Манастирот Свети Пантелејмон во Нерези.

Манастирот е еден од најубавите средновековни споменици на културата, со фрескоживопис кој спаѓа во редот на највредните дела на византиското црковно сликарство и кој се смета за предвесник на ренесансната уметност.

Повеќе од осум века манастирските порти се отворени за секого: за добронамерни патници кои бараат духовен мир, но и за туристи и уметници, кои сакаат да ја воспримаат историјата преку ова уметничко ремек – дело, кое како да е дел од вечноста.

Вкупната вредност на проектот изнесува 348,285.00 евра, од кои ЕУ средства се 294,078.00 евра.

Спонзорирано: