18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈА

Да се затворат казината насекаде, освен во хотелите со 5 ѕвезди – побара Села

Казина и обложувалници да работат само во хотели со 5 ѕвезди, рекламите да не бидат поголеми од 50 на 30 см, а секој дополнителен квадратен метар реклама да се плаќа по најмалку 200 евра, а тие пари да се собираат во посебен фонд и да се користат за лица со поесбни потреби.

Ова го побара лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на денешната прес-конференција во Собранието.

– Бараме казина и обложувалници да може да постојат само во хотели со 5 ѕвездички – рече Села,а неговите пратеници ќе бараат измени во Законот за игри на среќа. Воедно, рече, бараме да се ограничи рекламирање на игри на среќа.

Села рече дека не е доволно казината и обложувалниците да се одалечат 500 метри од образовни и верски институции и нагласи дека семејниот дом е главната институција за воспитување.

Села рече дека предлогот за вакви законски измени ќе биде доставен до сите парламентарни групи.

-Наш став е дека игри на среќа треба да се забранат, но свесни сме дека тоа не може да помине зашто другите партии ќе се спротивстават – нагласи лидерот на Алијанса за Албанците.

Со законските измени што ги предлага Алијанса за Албанците, казината и обложувалниците ќе одвојуваат по 200 евра по секој метар квадратен за инвестиции во спорт, за младината, за лица со посебни потреби кои би се уплатувале на сметките на локалната власт.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК