На 14.04.2022 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Костурски херои“ и ул.„Благоја Давков“, товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(46) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.
За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!
▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALASУживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.


